Вархеји за азилантот Груевски: Прашајте ги унгарските власти

873

ЕУ и Комисијата нема за ова што да каже, најдобро е ова прашање да го поставите на унгарските власти. Вака на новинарско прашање за експремиерот и азилант Никола Груевски одговори еврокомесар за проширување, Оливер Вархеји.

– Не мислам дека Комисијата ја има поставено оваа цел, дека целта на реформите во судството е да се врати поранешниот премиер од земја членка на ЕУ. Се работи за национална способност. ЕУ и Комисијата нема за ова што да каже, најдобро е ова прашање да го поставите на унгарските власти – рече Вархеји.

На новинарско прашање дали во земјава може да има нормални судски процеси без мешање од страна на нашите политичарите,  еврокомесарот Вархеји рече „секако тоа мора да се случи“.

Фото: МИА

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...