Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи за првпат отворено потврди дека поранешниот словачки министер за надворешни работи, Мирослав Лајчак, ќе биде назначен за посебен претставник на ЕУ за Западниот Балкан и дијалогот Белград – Приштина.
Одговарајќи на прашање за Радио Слободна Европа, Вархеи рече дека Лајчак е добар познавач на регионот.
-Познавајќи го Лајчак и неговите успеси сметам дека е многу добар избор кој ќе може да му помогне на Високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика, а и мене, да оствариме напредок – рече Вархеи за време на самитот на земјите од Вишеградската група и западниот Балкан во Прага.
Лајчак ќе биде задолжен да помага во односите помеѓу ЕУ и регионот и за рестартирање на дијалогот помеѓу Косово и Србија кој е замрзнат година и половина поради косовските царини врз увозот на српски производи.