Вселенскиот патријарх Вартоломеј, се огласи по повод постигнатиот договор за името меѓу Скопје и Атина, пренесе српската агенција Танјуг.
На литургија по повод чествувањето на празникот на Светите апостоли Вартоломеј и Варнава, влесенскиот патријарх ги повикал „сестринските цркви“ да ја прифатат „црквата во Скопје“ во православното единство цитирајќи дел од посланието на апосотолот Павле до Коринтјаните дека „кога страда еден орган, тогаш страдаат сите органи, а кога се се радува еден орган, се радуваат сите“.
-Кога еден од нашите браќа се оквафлификува како расколник или еретик, а уште повеќе кога цел еден народ, милиони луѓе, се надвор од нормалната црква врз основа на тој раскол, тогаш е потребен итен и без одложување повик на духовно будење. Апостолска должност на Мајката црква е да бара начини за спас на нашите браќа во Скопје и во Украина. Наша должност и одговорност е секогаш народите да ги вратиме кон вистината и кон канонските рамки на црквата. Бидејќи нашата Вселенска патријаршија се грижи за целиот свет и за сите народи и луѓе, без исклучок- рекол Вартоломеј.
Светиот синод на Вселенската патријаршија на 29 мај годинава соопшти дека во рамки на нејзините надлежности и прерогативи, ќе биде разгледано и ќе се преземе тоа што е потребно за враќање на „црквата на Скопје“ во канонски рамки под името Охридска архиепископија. На ова му претходеа писма упатени од МПЦ-ОА и од премиерот Зоран Заев во кои се бара Вселенската патријаршија да преземе чекори за признавање на автокефалноста на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, како рамноправна црква во православниот свет.