Варницата во Превалец кај Велес работи и покрај забраната од Инспекторатот

96

Фирмата Каменелом „Техно павер“ ДООЕЛ Скопје, која стопанисува со Варницата во Превалец кај Велес и понатаму  бесправно работи и покрај забраната од Државниот инспекторат за животна средина од 14. ноември годинава. Инспекторатот  на раководниот менаџерски тим на фирмата му наложи во законски рок од 90 дена да ги отстрани причините на загадување, ако сака да ја врати А Интегрираната еколошка дозвола што МЖСПП им ја одзеде на 4. јуни годинава.

По одржаната јавна расправа во ноември со загадувачот, МЖСПП,  Државниот инспекторат ,со  граѓаните, екологистите, а на барање на општинската власт, како што информира за МИА Билјана Шуркова Манаскова општински инспектор за животна средина ,Општина Велес  во законскиот рок до 30 ноември веќе доставило   до МЖСПП  бројни забелешки  за тоа како министерството  ја води постапката за повторно враќање на А Интегрираната дозволата за работа на оваа фирма, а што од нив го бара  фирмата „Техно павер“.

Шуркова Манаскова потенцира дека Општина Велес оценува дека барањето од страна на загадувачот до МЖСПП е нејасно и нѐ ги утврдува сите влијанија врз животната средина и дека е потребно да се одбие, а сѐ додека „Техно Павер“ не спроведе еколошки мерки и не престане да загадува и да им го загрозува здравјето на жителите од велешките населби Превалец и Тунел.

– Забелешките се бројни од Општина Велес до МЖСПП за враќање на А интегрирана  дозвола за работа на Каменелом „Техно Павер“. Генерално нашиот заклучок е дека барањето на загадувачот до МЖСПП е нејасно, односно  не ги утврдува сите влијанија врз животата средина и дека е потребно вака како што е сега да се одбие. Ние сметаме дека со ваквите мерки кои се предложени од загадувачот, а засега  не се направени. Секаде пишува ќе  треба да се спроведат, а бидејќи станува збор за А интегрирана еколошка дозвола за што фирмата треба да ги исполни стандардите  да не загадува, согласно нашите законски нормативи усогласени со европските, а според нашите согледувања тие досега немаат спроведено ништо за  да ја заштита животната средина и здравјето на граѓаните: Затоа сметаме дека се додека тие не ги исполнат барањата на инспекторатот, тие  не смеат да им дадат повторно дозвола, потенцира Шуркова Манаскова.

Инаку Државниот Инспектор за животна средина кој го вршел надзорот, согласно Законот за животна средина, со решение ја забрани работата на  Каменолом „Техно Павер“ ДООЕЛ Скопје Подружница  во Превалец Велес, во писменото известување наведува  дека причина поради која   е затворен каменоломот е  тоа што не поседува А интегрирана еколошка дозвола.

На раководниот тим на Варницата им даде рок  во траење од 90 дена, а  во кој треба да се отстранат причините за настанатата состојба. Од инспекторатот информираат  дека доколку  утврдат дека не се постапува согласно Решението, ќе поднесат барање за поведување соодветна постапка до надлежен орган, согласно членот во Законот за животна средина.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...