Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар на 16. јануари заминува на зимски подготовки во Аланија, каде што ќе одигра четири натпревари.
Противници на „црвено-црните“ во турскиот град ќе бидат Иртиш од Казахстан на 19. јануари, Сумгаит од Азербејџан три дена подоцна, Александрија од Украина на 28. јануари и Черно Море од Бугарија на 2. февруари.
Предвидено е одигрување на уште три контролни натпревари на 26. и 30. јануари, и на 3. февруари, а противниците ќе бидат дополнително објавени, соопштено е на сајтот на ФК Вардар.