Вардар убедливо поразен од Ренова, Шкендија ремизира со Македонија ЃП

116

Во Првата македонска фудбалска лига попладнево на распоредот беа натпреварите од 20. коло по кое лидерот Шкендија за уште еден бод ја зголеми предноста пред големиот ривал Вардар кој второто место и го препушти на Академија Пандев.

„Црвено-црните“ претрпеа убедлив пораз на гостувањето кај Ренова, Шкендија одигра нерешено во Ѓорче Петров, додека Академија Пандев го доби локалното струмичко дерби со Беласица.

Постигнати резултати:
Беласица – Академија Пандев 0:1
Македонија ЃП – Шкендија 1:1
Работнички – Силекс 1:1
Ренова – Вардар 4:0
Шкупи – Победа 3:0.

Табела: Шкендија 44 бода, Академија Пандев 36, Вардар 35, Работнички 28, Шкупи 27, Ренова 25, Македонија ЃП 22, Силекс 20, Беласица 18, Победа 18

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...