Вардар убедливо поразен од Кјелце во ЛШ

На табелата води Кил со 13 бодови, следуваат Веспрем и Кјелце со 10, додека Монпелје и Вардар освоија 9 бодови, но Французите имаат натпревар помалку.

104

Европскиот ракометен шампион Вардар доживеа тежок пораз на гости кај Кјелце со 35-25 (17-14) во дуел од осмото коло од Лигата на шампионите.

Иако имаа доста проблеми со составот, вардарци се држеа добро во првото полувреме и го завршија со 3 гола негатива. Падот во играта беше евидентен во второто полувреме, кога домаќинот го засили ритамот.

Полјаците го имаа одличниот Волф на голот, а на десетина минути пред крајот поведоа со 28-21, разлика која докрајот ја зголемија на +10 за конечни 35-25.

Дибиров заврши со 9 гола кај скопскиот тим, додека за победниците Каралек и Карачиќ се истакнаа со по шест гола.

На табелата води Кил со 13 бодови, следуваат Веспрем и Кјелце со 10, додека Монпелје и Вардар освоија 9 бодови, но Французите имаат натпревар помалку.

Следен дуел за „црвено-црните“ во најпрестижното ракометно натпреварување во Европа ќе биде на гости кај Мешков Брест.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...