Екипата на Борец успеа да освои бод во пресметката со најтрофејниот македонски клуб Вардар откако ремизираа со резултат 0:0. „Црвено-црните“ немаа свој ден, а домаќините играа и со играч помалку, по исклучувањето на Петров во 75-тата минута од средбата. Во првото коло, вардарци загубија од Македонија Ѓ.П. со 2:0.
Актуелниот шампион, Шкендија пак, претрпе нов пораз. Тетовци имаат слаб старт на новата сезона во лигата, па по поразот од Академија Пандев, денеска минимално загуби и од Силекс во Кратово каде стрелец на единствениот гол беше Дурански во 48-та минута.
Македонија Ѓорче Петров и Академија Пандев во дербито на второто коло ремизираа без голови, во меч без многу шанси.
Поранешниот шампион Ренова е единствениот тим со две победи по две кола, откако денеска во Тетово со 2-1 славеше против новиот прволигаш Струга Трим Љум. Селмани и Адеми беа прецизни за домаќините, додека Цветановски реализираше за тимот од Струга.
ПМФЛ, резултати од 2.коло:
Борец – Вардар 0:0
Силекс – Шкендија 1:0
Ренова – Струга Трим Љум 2:1
Македонија ЃП – Академија Пандев 0:0
Работнички – Шкупи 2:0
Табела:
Ренова 6 бода
Македонија ЃП 4
Академија Пандев 4
Работнички 3
Струга ТЉ 3
Шкупи 3
Силекс 3
Вардар 1
Борец 1.вз
Шкендија 0.