Македонскиот ракометен првак Вардар потпиша со голманот Калифа Гедбан.
Дваесет и едно годишниот Алжирец, висок 200 сантиметри, доаѓа во Скопје со договор на една година, со можност за продолжување на уште една.
Тој ќе биде првиот ракометар од Африка што ќе игра за „црвено-црниот“ тим. Вардар го пријави Гедбан за настап во ЛШ, и тој ќе биде дел од тимот на следните натпревари
Вардар викендов гостува во Франција кај Монпелје во рамките од првото коло на групната фаза од Лигата на шампионите.