Вардар подобар од Работнички во соседското дерби

Стрелец на двата гола за „црвено-црните“ беше Даниел Аврамовски, првиот во 76. минута, а вториот во 90-та.

82

Вардар го победи Работнички со 2:0 во соседското дерби кое попладнево се играше во Скопје, во рамките на 12. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Стрелец на двата гола за „црвено-црните“ беше Даниел Аврамовски, првиот во 76. минута, а вториот во 90-та.

За вардарци ова беше осма победа сезонава по која се на врвот на табелата со 27 бода. Од друга страна, Работнички го запиша осмиот пораз по кој и натаму останува на последната, 10. позиција.

Другите четири натпревари од 12.коло се играат утре. Двојките се:

Борец – Академија Пандев
Македонија ЃП – Шкендија
Ренова – Шкупи
Силекс – Струга ТЛ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...