Неделната хидролошка информација на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) покажува зголемен водостој во однос на просекот за јуни на реките Пчиња кај Катлановска бања, Вардар кај Демир Капија и кај Велес, Брегалница кај Штип и Црна Река кај Новаци.
Пониско ниво од просекот за јуни имаат Вардар кај Јегуновце и кај Зајчев рид, Треска кај Македонски Брод, Крива Река кај Крива Паланка и Црн Дрим кај Ложани.
Нивото на Охридското Езеро е два сантиметра над дозволениот максимален водостој, а на Дојранското е осум сантиметри над договорениот максимален водостој, информира УХМР.