Вардар денеска изгуби од тимот на Шкендија со 0:2 и со тоа го доживеа првиот пораз во оваа сезона. Но на денешното дерби првиот гол на противникот се оценува како сомнителен, додека за вториот погодок нема дилеми дека е чист.
Коментарите за првиот погодок се дека топката била блиску до гол линијата, а судиите го признале голот, иако на фотографијата од натпреварот се забележува дека првиот дополнителен асистент гледа на друга страна, додека првиот помошник судија, кој и го признал голот, не е на своето место.
Дилемите се како во тој случај можело да донесе одлука дека топката ја минала гол линијата?
Фудбалскиот натпревар се одиграл на стадионот „Борис Трајковски“ во скопската населба Маџари, пред околу 1.500 гледачи.
Стрелец на првиот гол е Емини во 45.минута, а на вториот Ибраими во 89.минута.