Вардар денеска со првиот дуел во СЕХА лигата

81

Македонскиот ракометен шампион Вардар денеска во рамките на 14 коло од СЕХА лигата, во Нови Сад ќе го одигра првиот дуел во 2019-та година.

Од девет меѓусебно одиграни натпревари, „црвено-црните“ имаат осум победи и само еден пораз.

Овој меч е своевидно загревање пред претстојните важни мечеви во Лигата на шампионите против Рајн Некар и Веспрем.

Вардар вечерва на теренот ќе излезе без неколку ракометари. Игор Карачиќ доби пауза поради настапот на Мундијалот, додека поради повреда Борозан, Мораеш, Гедбан и Горбок најверојатно нема да настапат.

Вардар по 13 одиграни дуели го зазема второто место на табелата во регионалната лига со 11 победи и 2 порази, додека Војводина е на шестата позиција со 5 победи, 7 порази и едно реми.

Натпреварот во Нови Сад почнува од 17:15 часот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...