Ракометарите на Вардар в среда гостуваат во Германија кај Рајн Некар во меч со кој ги продолжуваат настапите во Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ утре заминуваат за Франкфурт каде в среда од 19 часот треба да го игра натпреварот.
На првиот меч во Скопје одигран на 6. октомври 2018 Вардар победи со 29:27. Ова е една од победи за Вардар, еден меч завршил со реми, а двапати славеа Германците. На гостински терен македонскиот шампион има две победи и едно реми.
За двете екипи ова е важен натпревар. Вардар е второпласиран во групата со 13 бода, а Рајн Некар имa еден помалку. До крајот на групната фаза избраниците на Роберто Парондо треба да играат со Веспрем, Кристијанштад и со Монпеље. Првопласираниот тим ќе игра директно во четврт-финалето а екипите од второ до шесто место ќе се натпреваруваат во осминафиналето.