Вардар во финале на Ф4, ја порази големата Барселона!

898
EPA

Се случи речиси неочекуваното, Вардар повторно ќе игра во финале од Лигата на шампионите, и повторно преку Барселона! Вардарци вечерва во Келн ја победија Барселона со 29:27.

До големиот подвиг Вардар дојде по подобра игра во второто полувреме кое го доби со 20:11. Ретко кој очекуваше дека по водството на Каталонците на полувремото со седум голови разлика (16:9), дека македонскиот тим може да се врати, но така не мислеа избраниците на Роберто Парондо. Тие со неверојатен пресврт им приредија голема радост на своите навивачи во арената во Келн и воопшто секаде низ светот.

Голманот Дејан Милосављев со своите 15 одбрани во првото полувреме го одржуваше Вардар на едноцифрена негатива, а во второто продолжи во ист стил за голема сензационална победа.

Во нападот Кристопанс со 10, Карачиќ со пет гола и останатите беа многу порасположени во вторите 30 минути.

За деветкратниот европски шампион Барселона ова е втор пораз од Вардар во последните три години на „фајнал фор“ турнирите во елитната лига.

Вардарци на теренот ги бодреа стотици македонски граѓани кои дојдоа во Келн, речиси неверувајќи дека ќе мора да останат за да го проследат и утрешното финале со унгарски Веспрем.

Противник на македонскиот шампион утре во финалето ќе биде Веспрем.

 

фото: EPA/SASCHA STEINBACH

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...