Вардар води со пет гола, уште половина час до титула?!

394

Екипата на Вардар води со 16:11 по првото полувреме против Веспрем во финалето од Лигата на шампионите.

Играчите на Роберто Парондо играат одлично во првото полувреме, сосема спротивно од вчерашниот прв дел против Барселона кога „црвено-црните“ губеа со седум гола, но на крајот сепак успеа да слави огромна победа.

Хендикеп засега не се покажува со повредата на Даниел Шишкарев, кој при една контра незгодно доскокна и побара измена поради болки во десната нога.

Мораес е најефикасен со четири голови попрвите 30 минути, додека Милосављев има пет одбрани.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...