Варвициотис: Атина ќе го следи секој чекор на Скопје

430

Атина ќе го следи секој чекор на Скопје, грижејќи се дека е во рамките што сме ги поставиле, вели алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Милтиадис Варвициотис во интервјуто за неделното издание на весникот „Етнос“, jави дописничката на МИА од Атина.

Одговарајќи на прашање за европската перспектива на земјите од регионот, Варвициотис објаснува дека потребно е да се исполнат критериумите.

– Грчката влада има цврст и позитивен став кон перспективата за проширување на Унијата кон поширокиот регион со земјите од Западен Балкан. Меѓутоа, за нивна интеграција, сметаме дека е неопходно почитување на принципите на владеењето на правото и секако градењето на добрососедски односи. Ова значи усогласеност со воведените уставни измени и напуштање на било кој елемент на иредентизам. Атина ќе го следи секој чекор на Скопје, грижејќи се дека се наоѓа во рамките што сме ги поставиле – вели Варвициотис.

Алтернативниот шеф на грчката дипломатија во интервјуто за „Етнос“ ги споменува и трговските ознаки за производите, вели дека освен билатералниот институционален дијалог и меѓународната комисија на експерти, грчката Влада одбра дополнителна политичка и технократска димензија.

– Од една страна, ги поставивме основите за спроведување на колку е можно пошироки активности за промовирање на „брендот“ на македонските производи, а од друга страна, целиот овој сплет ќе помине во Европската Унија, со главен критериум за европската интегративна перспектива на соседната земја – објаснува Варвициотис.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...