Ван Хојте за ИРЛ: Јанева очигледно беше избор на Груевски, но, се чинеше дека тоа не им пречи на СДСМ (ВИДЕО)

Имавме долги разговори и стандардизација како да се избере специјалниот обвинител, но и дека секоја партија ќе има свој кандидат. И тогаш се изненадив бидејќи двете најголеми партии се чинеше дека имаат внатрешен договор

5830

Во моментов течат партиски преговори околу новиот закон за јавно обвинителство, СЈО и формално е затворена, обвинителите се враќаат од местата од кои што дошле, а нивната шефица е во притвор. Формирањето на Специјалното јавно обвинителство беше фундаментот на Пржинскиот договор, вели Питер Ван Хојте, поранешниот  посредник на ЕУ во преговорите за пржинскиот договор, во интервју за ИРЛ

– Катица Јанева очигледно беше избор на Груевски, но, се чинеше дека тоа не им пречи на СДСМ. Се чинеше дека најголемите партии имаат внатрешен договор – изјавува Ван Хојте.

Тој ќе го сподели своето разочарување поради пропаста на институцијата. СЈО која што стана симбол на стремежот на граѓаните за правда и правна држава.

Со ИРЛ Хојте споделува детали за тоа како се одвивал делот за СЈО за време на Пржинските договори.

– Имавме долги разговори и стандардизација како да се избере специјалниот обвинител, но и дека секоја партија ќе има свој кандидат. И тогаш се изненадив бидејќи двете најголеми партии се чинеше дека имаат внатрешен договор. Тоа е моето чувство. Потоа, тој кандидат беше избран. Ми беше драго, повеќе не постоеше проблем. Тие разговараа и надвор од процесот. Верував во тоа време дека тоа е добар развој. Сега не сум сигурен. Можеби тоа било дел од поголем договор. Не знам, но можеби еден ден појасно ќе ми биде. И ако ве прашам диркетно на чиј избор беше Катица Јанева, што ќе ми одговорите? Јасно е дека беше избор на ВМРО, тогашниот премиер Груевски ја предложи, но имав чувство дека на СДСМ не им пречеше. Дека тие претходно веќе контактирале и се договориле за неа како како кандидат, ќе сподели Ван Хојте.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...