Ванчо Петрушевски загинал додека работел со електричен заварувач

1613

МВР потврди дека актерот Ванчо Петрушевски загинал при работење со електричен заварувач на пластични цевки.

– На 25.08.2018 година било пријавено дека околу 13.20 часот во село Орешани, скопско, И.П.(67) од Скопје, додека работел качен на метална скала со електричен заварувач на пластични цевки, го удрило струен удар и истиот починал на местото на настанот.

Извршен е увид. За настанот е известен Јавен обвинител“, велат од Министерството за внатрешни работи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...