Белгијскиот експерт кој беше ангажиран од ЕУ во пржинските преговори Питер Ванхојт на Фејсбук реагира за случувањата поврзани со Специјалното јавно обивинителство. Тој беше дел од процесот на договарање на СЈО и изборот на Катица Јанева.
– Анализирајќи го она што се случува, моето прво прашање е: зошто ова одеднаш доаѓа на површина? Кој стои зад ова? Дали Катица Јанева допре до одредени луѓе кои се веруваа дека се недопирливи и над законот? Како одговор на прашањето „кој има интерес за тоа да се случи”, можев да дадам долга листа со имиња, но тоа нема да и помогне на земјата напред. Сепак, едно е јасно: Политичарите целосно ја збркаа работата. Наместо да се гарантира непристрасна и независна правда, политичарите од сите партии продолжија со своите лични борби и ја заборавија важноста на правилното спроведување на основните демократски принципи, како што се поделбата на власта и потребата за независно судств“, пишува Ванхојт.
Тој вели дека истрагите кои поризлегуваат од прислушуваните разговори треба да продолжат.
– Тоа е товарот од минатото, но никој никогаш не треба да заборави што се случило и да се осигура дека оние што биле вклучени во него, вклучувајќи го и г-дин Груевски, се правилно гонети и осудени. И ЕУ и г-дин Орбан треба да бидат свесни дека не може да му се даде право на азил, а во исто време да побара од Северна Македонија да го почитува владеењето на правото. Значи, да го исправиме и ова!, порача Ванхојт.