Новопоставената опрема на неколку детски игралишта во општина Карпош е уништена од вандали.
„Често пати објавуваме фотографии од новите детски игралишта во нашата Општина, поставена урбана опрема, нови клупи, корпи за отпадоци и слично. За жал, и ова е Карпош. Ова се фотографии од неколку детски игралишта кои неодамна се опремија со нови реквизити, новопоставени корпи за отпад и шах таблата на летниковецот во Влае (дониран од Скопска пивара). Вака изгледаат во моментов“, пишува на официјалната страница на Фејсбук на Општина Карпош, проследено со фотографиите од нарушената убавина.
Оттаму порачуваат дека ќе продолжат да се грижат за реквизитите и дека ќе ги обноват.
– Не бегаме од реалноста, продолжуваме со искрената комуникација, а одговорност носи секој од нас. Карпош заслужува многу повеќе љубов, а не вандализам и насилство – пишуваат од Општината.