Валентајн сега и Валентајн некогаш

1229

Св. Валентин на времето

– Не постои таков празник. Се земате, се бацвате за слика на свадба, прајте пет деца. Единствено срце шо имате видено е на коронографија ко ќе го стрефи некој.

Св. Валентин сега

– Сѐ е во форма на срце! Бомбониера во форма на срце со бомбони во форма на срце во неа за после пицата која е во форма на срце на која во срцето има нацртано срце со кечап во чинија во форма на срце.

– После преждерувањето водите љубов. Ги вади цициките кои ги направила во форма на срце, ти го вадиш во форма на срце, таа се соблекува бричена во форма на срце и така изненадени дрмите на постелата со срциња.

– Нормално и на Фејсбук мораш да клајш слика заедничка пак со срциња. Колку појќе срциња толку појќе ја сакаш. Одбираш слика некоја од свадба кај шо си препариран од алкохол, а таа изгледа ко слабокрвна панда со размачканата шминка и промашената пудра.

– Одиш и купваш големо, најголемо, огромно мече шо кошта колку гарсоњера во Виница. Нормално то држи срце. И го даваш и сте пресреќни! Шубоооо е! И после цела година се чудите кој курац ќе прајте со мече со големина на фрижидер во спална шо ве гледа дур се хефтате.

– Еден куп ружи. Пушташ на работа нормално. Да љубоморат колешките. Кур ги боли колешките само љубената не можи да го ги донеси до дома, три пати ќе ја изгазеа на улица, еднаш ќе умреше од алергија на полен. Ги ставате во вазна на трпезариска маса и ги гледате како бавно се ронат и умираат во агонија до април.

– И нормално, идеја на која на никој му нема текнато, сосема оригинално, запросување на Денот на вљубените. Први во историјата. She said yes!! Па нормално дека ќе речи да, пред цел ресторан ја побара и создаде притисок и сега цел живот е заглавена со тебе од шо и беше незгодно да речи не.

Ептен тажен Св. Валентин сега

– Ние самите на Св. Валентин ќе славиме ден на независноста. Хахаха… Не слават. Пијат ко стоки со уште неколку другарки и чекаат да почни All the single ladies, демек нашата. Последен пат допрени од гинеколог…

– На другата маса машко независно друштво во касни 30-ти, рани 40-ти со премалку коса премногу стомак ги демне првите и нема да напрат ништо оти им е срам. Тие слават Св. Трифун пошто другиот празник е измислен. Никој во кафичот не е сингл по нивен избор.

(ФЕЈСБУК СТАТУС НА АВТОРОТ)

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...