Валенсија ќе игра во Кралскиот Куп по 11 години

68

Валенсија се пласираше во финалето на Кралскиот Куп и ќе игра против Барселона, откако го елиминираше Бетис во вториот полуфинален натпревар.

„Лилјаците“ победија дома со 1:0, што беше доволно за да се квалификуваат во мечот за трофејот по ремито 2:2 во Севиља.

Родриго Морено го истакна решавачкиот гол во 56-тата минута.

Тимот од Севиља имаше доста шанси кои сепак ги пропуштија, а на крајот побараа пенал, кој исто така не го добија. Голамнот на домаќинот Хауме Доменек, исто така, одигра многу силен дуел.

Во годината во која слави 100 години постоње, Валенсија ќе може да освои трофеј. За „лилјаците“ ова е 17-то финале во турнирот, откако имаат 7 трофеи. За последен пат тие триумфираа во 2008 и оттогаш не играле финале.

Битката за Купот е на 25-ти мај на „Бенито Виљамарин“ во Севиља.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...