Ернесто Валверде е многу блиску до отказ од Барселона, пренесува „АС“. За да ја продолжи работата, екипата предводена од шпанскиот тренер во наредните два меча не смее да изгуби бодови. Во спротивно тој ќе ја напушти функцијата.
Каталонците освоија седум бода во пет кола и забележаа најлош старт во шпанскиот шампионат последните 25 години.
На следните два меча од Примера, Барселона ќе се соочи со Виљареал и со Хетафе.
Валверде ја предводи Барселона од 2017 година. Со него Каталонците освоија два шампионати, Купот и Суперкупот на Шпанија.
ФОТО: EPA / Alejandro Garcia