Вакцинирањето против мали сипаници задолжително и во Германија

Според програмата што ќе важи од март 2020 година, родителите на децата од училишна возраст, почнувајќи од детска градинка, ќе мора да дадат докази за вакцинација

80

Вакцинирањето против мали сипаници ќе стане задолжително за децата и вработените во германските детски градинки и училишта од март следната година, реши денеска  германската влада.

Предлогот го одобрил денеска Кабинетот на германската канцеларка, Ангела Меркел, појаснувајќи дека бројот на заболени од мали сипаници значително се зголемил во текот на изминатите години.

Се очекува дека членовите на германскиот парламент, каде што владејачката коалиција на Ангела Меркел има мнозинство, ќе го одобрат законот. Според програмата што ќе важи од март 2020 година, родителите на децата од училишна возраст, почнувајќи од детска градинка, ќе мора да дадат докази за вакцинација.

Непочитувањето на овој пропис значи дека на децата нема да им биде дозволено да се запишат во детските градинки и нивните родители може да бидат парично казнети. Родителите на постарите ученици ќе мора да платат казна до 2.500 евра.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...