Вакцинирани 267 деца со МРП, ќе се вакцинира и попладне во „Букурешт“, „Бит Пазар“ и „Јане Сандански“

699

Министерството за здравство апелира до сите родители да ги вакцинираат децата со МРП вакцина и потсетува дека се уште е на сила наредбата дека децата, кои се невакцинирани нема да бидат примени во детските градинки, со цел да се спречи ширењето на епидемијата прогласена во Скопје.

– Министерството информира дека денеска до 12 часот се вакцинирани вкупно 267 деца од предучилишна возраст. Инаку, до овој момент е добиена лабораториска потврда за две лица, од шестте новозаболени, додека за две од нив резултатите се негативни, а кај еден случај  на дете за кое се прават дополнителни лабораториски испитувања, соопшти Министерството.

Министерството за здравство, во соработка со Здравствен дом-Скопје воведува и втора смена во поликлиниките, каде се врши вакцинација, односно вакциналните пунтови во поликлиниките „Букурешт“, „Бит Пазар“ и „Јане Сандански“ ќе работат до 19 часот.

Од министерството напоменуваме дека МРП вакцината е висококвалитетна, производител е компанијата GlaxoSmithKline од Белгија.

 

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...