Министерството за здравство информира дека до 19 часот вакцинирано е 21 дете со МРП вакцина. Или досега, вакцинирани се вкупно 1079 деца. Во моментов, нема нови потврдени случаи на новозаболени лица од морбили (мали сипаници).
-Апелираме до сите родители да ги вакцинираат своите деца. МРП вакцината е висококвалитетна, производител е компанијата GlaxoSmithKline од Белгија.
Вакциналните пунктови во поликлиниките „Букурешт“, „Бит Пазар“ и „Јане Сандански“, утре ќе работат прва смена од 7,30 до 13 часот.