Вака се уништува една држава, една надеж

3647

Така почнува дечки, миц по миц, со пробни балони.

Така почнува, со заборавање каде си бил и за што си се борел, мада овие беа готовани и кратка им беше борбата.

Така се почнува, со дозвола од Западот дека си демократска власт, со илјадници клиенти и конвертити кои ќе раскажуваат дека ова е најубавиот од сите можни светови.

Така се почнува, со поткуп на гласачи, со буџет надуен до облаци, секогаш со оправдувања, никогаш со одговорност.

Така, дечки, всушност се продолжува една традиција на авторитаризам и феудализам во Македонија, каде само се симулира некаква промена, додека истите луѓе и истите политики постојано се перпетуираат.

Вака се уништува една држава, една надеж, една младина, секоја чиста идеја, секоја здраворазумска критика или желба за подобро.

Полоши сте од режимот зошто вие сте негово продолжение преку други лица и средства.

Вие сте уништувачките на секоја надеж за подобри промени, вие сте тие што го легитимиравте и нормализиравте режимот, облекувајќи ја неговата ментална наметка.

(ФБ статус на авторот)

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...