Вака изгледа лажна фискална сметка издадена во ресторант чиј сопственик е министер (ФОТО)

9799

Читател на Плусинфо ни ја достави оваа фотографија од сметка што ја добил на крајот на вечерата во еден ресторант во град во внатрешноста на земјата.

Ова е сѐ само не фискална сметка. Понапредна верзија од сметка испишана на „парагон” блокче…

Најинтересно е тоа што сопственик на овој ресторант е министер во владата на Зоран Заев. Тоа го знае целиот град.

Да се надеваме дека некој ќе реагира на ова очигледно затајување данок. Особено што министрите треба да даваат пример дека се борат против тоа зло.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...