Вадефул од партијата на Меркел: ВМРО-ДПМНЕ треба да каже „да“ во парламентот

522

Дури и ако за опозицијата е тоа тешко, нашата препорака гласи – да му се даде поддршка на договорот, вели во интервју за Дојче Веле заменикот шеф на пратеничката група на ЦДУ/ЦСУ во Бундестагот, Јохан Вадефул.

– Тешко ми е од Берлин да ја проценувам смислата на нови избори во Македонија. Тоа мора да се одлучи во Македонија и тоа треба да го одлучат македонските политичари. Но, можам да кажам дека доколку овие уставни измени пропаднат, тогаш ќе пропадне и целиот предлог и во тој случај, според она што го гледам, нема шанса во блиска иднина да се дојде до нова согласност со Грција, до нова согласност меѓу земјите на НАТО и до нова подготвеност во Европскиот совет да се почнат преговори за приклучување не само со Албанија, туку и со Македонија. Затоа, како што гласи латинската поговорка: „hic Rhodos, hic salta“, односно сега докажи го она што го зборуваш. Сега мора заеднички да го направиме решавачкиот чекор. Затоа, апелирам до сите политичари во Македонија и до нашите пријатели од ВМРО-ДПМНЕ сега да кажат „да“ вели тој.

Целото интервју со Вадефул можете да го прочитате ТУКА.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...