Вавринка рано замина од „Вимблдон“

164

Стен Вавринка беше елиминиран од „Вимблдон“ по поразот во пет сета од Рајли Опелка – 7:5, 3:6, 4:6, 6:4, 8:6 по 3 часа и 16 минути игра.

Американецот на тој начин се пласираше во третиот круг, каде го чека победникот од судирот меѓу Робин Хасе и Милош Раониќ.

Бр.22 во шемата, пак Вавринка се приклучува на Стефанос Циципас и Александар Зверев кои веќе ги напуштија терените на „Ол Ингланд Клаб“ уште во првиот круг.

Данил Медведев, Беноа Пер, Јиржи Весели и Давид Гофен продолжуваат во третиот круг по денешните победи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...