Швајцарскиот тенисер Стан Вавринка одлучи по редовен пат да се обиде да обезбеди место на Мастерсот во Париз. Тој претходно побара специјална покана од организаторот, за подоцна да ја одбие истата со образложение дека ќе игра квалификации.
Вавринка во моментов е рангиран на 68. место на АТП листата.
Швајцарецот поради повреда подолго време беше надвор од терените, а на натпреваувањето му се врати оваа сезона.
Мастерсот во Париз е последен за 2018 година.
ФОТО: Инстаграм