Владата на утрешната седница ќе го утврди Предлог-буџет за 2020 година, како и Предлог-законот за извршување на Буџетот за 2020 година.
На утрешната седница на предлог на Министер без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, ќе биде ставена на усвојување Предлог-програмата за поддршка за печатење и дистрибуција на печатените медиуми за 2019 година.
На предлог на Министерството за труд и социјална политика владата ќе одлучува и по Предлог-програмата за изменување на Програмата за остварување и развој на дејноста во ученичкиот стандард за 2019 година.
Министерство за образование и наука за оваа седница ги стави на дневен ред Предлог-програмата за изменување на Програмата за остварување и развој на дејноста во студентскиот стандард за 2019 година, како и информацијата со Предлог за воспоставување на регионални центри за стручно образование и обука.