Бујар Османи одбројува до ЕУ со нова инспекција ВИДЕО

488

Вицепремиерот Бујар Османи на својот профил на Фејсбук претпладнево објави видео од кое се гледа дека повторно е во инспекција.

На видеото на неговиот Фејсбук профил е прикажано како првиот човек на Секретаријатот за европски прашања спроведува мониторинг на новоизградениот царински терминал на граничниот премин Македонија – Албанија.

Вицепремиерот напиша: ИПА мониторинг и потсети дека остануваат уште 9 дена до добивањето на датумот за старт на преговори со ЕУ и дека е во контрола на ИПА фондовите.

Османи во видеото вели дека околу 1,2 милијарди евра даночните обврзници на Европската Унија ги даваат како неповратни средства за Северна Македонија од 2007 до 2020 за конкретни проекти што ќе ги изградат институциите, но и ќе го трансформираат општеството во европско општество.

„Како национален координатор за овие средства од ЕУ, мојата улога е да ги програмирам, да ги мониторирам и да ги надгледувам проектите кои се имплементирани преку овие средства. Денеска сум во Струга, Ќафасан, за да мониторирам и да извршам надзор на еден значаен проект на изградба на царински терминал на граничниот премин Северна Македонија – Албанија изграден токму со овие средства, со околу еден милион евра од ИПА-средствата создаваме услови за еден современ стоп шоп меѓу Северна Македонија и Албанија“, посочи вицепремиерот за европски прашања.

На почетокот од видеото тој цитира изјава од основоположникот на Европската унија, Роберт Шуман.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...