Вицепремиерот Бујар Османи стана доктор на медицински науки откако вчера го бранеше неговиот докторат на тема карцином на дебело црево.
Со неговата нова титула, како д-р Бујар Османи, на денешната прес-конференција го претстави и премиерот Зоран Заев објавувајќи дека тој назначен за главен политички преговарач и шеф на делегацијата за преговори со ЕУ во скриниг процесот.
На одбраната на неговиот докторат во прв ред го поддржуваа премиерот Зоран Заев, министерот за здравство, Венко Филипче, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и министерот за економија, Крешник Бектеши.
„Ви благодарам за честа! Овој ден е круна на мојата повеќегодишна напорна работа. Науката претставува соочување со предизвици!“, напиша Османи на неговата Фејсбук страница.
Со честитки на социјалните мрежи се јавија и од ДУИ, но и Заев.