Бучковски: Ова не е обичен референдум, ова е уникатна можност

337
ФОТО: EPA/DARKO ANDONOVSKI

За една година Македонија направи сериозен исчекор во својата евроатлантска иднина, изјави професорот Владо Бучковски, поранешен премиер и министер за одбрана во емисијата „Светот е бизис“ на бугарската „Блумберг ТВ“.

– Референдумот за името е историски момент за Македонија, насочен е кон изборот за приклучување кон ЕУ. За жал, договорот со Грција беше единственото можно решение за да ја отвориме врата на ЕУ. Јасно е дека над 700 илјади граѓани на Македонија ќе гласаат „за“, но засега не се знае дали ќе се обединат оние кои се против – вели Бучковски.

Тој се согласува дека актуелниот референдум е продолжение од оној од 1991 година.

– Тогаш се боревме за независност, денеска се бориме да бидеме дел од НАТО и ЕУ. Ќе ја потврдиме својата државност – дециден е Бучковски.

Според неговата проценка, дадена во емисијата, во моментов во Македонија има од 1.300.000 до 1.350.000 гласачи. Од друга страна, 250.000 до 300.000 се неопределени гласачи кои не веруваат во политичарите и соодветно на тоа и веројатно и не гласале на последните избори.

– Верувам дека моменталната капања ќе им даде поттик да излезат на гласање – рече поранешниот македонски премиер.

Според него, во овој момент името Републка Северна Македонија е компромисот што излега единствено логично можен.

– Ако референдумот не успее нема да се распаднеме, но Македонија ќе почне сама да гние изолирана. Сѐ повеќе млади луѓе ќе ја напуштаат Македонија и нема да бидеме атрактивни за инвеститорите. Овој референдум е важен имајќи го предвид тоа што се случува во Албанија, Романија, Бугарија, како држави членки на НАТО и ЕУ. Ова е повеќе од обичен референдум. Ова е уникатна можност – вели Владо Бучковски во интервјуто за бугарската „Блумберг ТВ“.

ФОТО: EPA/DARKO ANDONOVSKI

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...