Бучковски: Ни со Заев, ни со Димитров не сум разговарал за амбасадор на САД

1495

Поранешниот премиер Владо Бучковски за Плусинфо негира дека ќе биде амбасадор во САД. Тој вели дека за ова досега не разговарал ни со премиерот Зоран Заев, ни со шефот на дипломатијата Никола Димитров.

– Голем предизвик е да се биде македонски амбасадор во САД, но за волја на вистината, ниту со премиерот, ниту со министерот за надворешни работи Димитров, не сум разговарал на оваа тема – ни изјави Бучковски.

Магазин објави дека според неформален список на министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Димитров, името на Владо Бучковски е резервирано за амбасадорското место во САД.

Од Министерството за надворешни работи за Магазин ниту ја потврдиле, ниту ја демантирале веста.

– Денеска е недела и не можам да проверам дали е информацијата точна. Не е ништо итно, ќе проверам утре – вели портпаролката на МНР Елена Пресилска.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...