Започнува нова ера за Македонија, изјавил поранешниот премиер Владо Бучковски за „БНР“. Оваа изјава следеше откако Македонија тргна на патот кон НАТО, но под името Северна Македонија.
– За нашата држава тоа е голема придобивка – рекол Бучковски, додавајќи дека членството на Македонија во НАТО има големо значење не само за неа, ами за цела Европа и пошироко.
Тој изјавил оти „Заев и Ципрас направиле чудо“.
Поранешниот премиер прогнозира оти од 1 јануари 2020 година Македонија ќе биде членка на НАТО.
– Македонија има капацитет. Голем е успехот кој го направи оваа земја со договорот со Грција за името. Ние плативме висока цена, но тоа е нашата жртва за подобар живот – додал Бучковски.