Бучковски: Гоце Делчев е мост, а не пречка меѓу двата братски народи

Заради руското влијание, но и заради конјуктурната политичка ситуација, во Македонија и во Бугарија повторно се разбудија сили кои се испречија пред зближувањето на двата народа, изјави за БНР.бг поранешниот македонски премиер Владо Бучковски.

810

Заради руското влијание, но и заради конјуктурната политичка ситуација, во Македонија и во Бугарија повторно се разбудија сили кои се испречија пред зближувањето на двата народа, изјави за БНР.бг поранешниот македонски премиер Владо Бучковски.

– Очигледно е приближувањето на Македонија кон почнување преговори со ЕУ, а извесно е членството во НАТО и тоа предизвикува да се разбудат силите коишто сакаат на Балканот повторно да има дестабилизација. Тие сили се плашат од сојузот и големата коалиција што ја создадоа сегашните раководства на Македонија и Бугарија на патот кон ЕУ – изјави Бучковски.

Според него, тие сили кои постојат и во Бугарија, се обидуваат да го отежнат договорот за добрососедство и да ја тргнат нашата земја од европскиот колосек

– Имам чувство дека и во Бугарија дел од политичарите се исплашија од договорот и од приближувањето на двете страни, затоа што ќе биде затворено македонското прашање и ќе мора да се фокусираат на секојдневните проблеми во општеството. Јас сум убеден дека ние треба да бидеме сојузници и како Македонец мислам дека немаме поголем пријател од Бугарија и бугарскиот народ. Тоа очигледно некому му пречи и во Скопје и во Софија – вели Бучковски.

Тој нагласува дека историјата не може да се промени и затоа смета дека зад форсирањето да се затворат одредени прашања по секоја цена, стои сериозно политичко влијание.

– За мене е неразбирливо зашто комисијата отвора прашања, кои по дефиниција се мост кој дополнително ќе го зајакне нашето сојузништво и партнерство. Личноста и делото на Гоце Делчев е мост меѓу двата братски народи. Не разбирам како е можно симболот на нашето заедништво – иконата на македонската борба за национално единство и самобитност, да биде пречка за продолжување на продлабочувањето на добрососедтсвото. Сметам дека тука постои погрешна политичка, но и научна методологија – вели поранешниот македонски премиер.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...