Буфон против Дижон до јубилејна 600. победа во кариерата

70
ФОТО: EPA/ALESSANDRO DI MARCO

Легендарниот италијански голман и член на ПСЖ, Џанлуиџи Буфон, вчеравечер во натпреварот од четвртфиналето на францускиот фудбалски куп против Дижон ја оствари 600-тата победа во кариерата, објави „Фудбал Италија“.

Четириесет и едногодишниот Буфон првите чекори во професионалниот фудбал ги направи во 1995 година. Тој бранел на 1.071 натпревар. За Парма има 168 настапи, 509 за Јувентус, 176 за Италија и 19 за ПСЖ.

Како дел од францускиот клуб, голманот сè уште не претрпел ниту еден пораз на официјален натпревар.

Договорот на Буфон со ПСЖ е со важност до следното лето, но постои можност за продолжување на соработката за уште една сезона.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...