Буфон по 17 години го напушти Јувентус и ќе брани за ПСЖ

138
ФОТО: EPA/ALESSANDRO DI MARCO

Легендарниот италијански голман, Џанлуиџи Буфон и официјално е нов голман на ПСЖ, објави францускиот клуб.

Буфон со ПСЖ денеска потпиша едногодишен договор со клаузула за продолжување на соработката за уште една дополнителна година, доколку бидат задоволни и двете страни.

Тој минатата сезона го напушти Јувентус, иако италијанскиот клуб му понуди ангажман, и одлучи кариерата да ја продолжи во Париз.

– Знам за што ПСЖ и неговите навивачи сонуваат. Ќе ја дадам својата енергија, искуство, но и глад за победи да му помогнам на клубот да ги постигне големите цели кои се зацртани. Првпат во кариерата играм надвор од мојата земја, а само ваков амбициозен проект можеше да ме натера да донесам ваква одлука – истакна 40-годишниот голман.

Буфон цели 17 години беше на голот на Јувентус и за најтрофејниот италијански клуб бранеше на 656 средби, а сега го очекува нов предизвик, пред сѐ, трофејот од Лигата на шампионите.

Фото: ФОТО: EPA/ALESSANDRO DI MARCO

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...