Легендата на Јувентус, Џанлуиџи Буфон веќе е во Торино каде треба да се подложи на медицинските прегледи пред неговото официјално враќање во клубот.
Голманот беше слободен агент откако го напушти Пари Сен Жермен каде што помина една година. Претходно, тој одигра 17 сезони за „црно-белите“.
Пред болницата, 41-годишниот голман беше поздравен од многу новинари и навивачи и покажа одлично расположение.
Според информациите, тој се вратил во Јуве со идејата да биде резерва на Војчих Шчесни.
ФОТО: EPA / YOAN VALAT