Буфон планирал да се пензионира, ама добил понуда од ПСЖ

129
ФОТО: EPA/ALESSANDRO DI MARCO

Голманот на Пари Сен Жермен, Џанлуиџи Буфон, призна дека беше подготвен да ја заврши кариерата откако го напушти Јувентус. Според него, неочекувано дојде понудата од Париз.

– Решив да ја завршам мојата кариера. Мислев дека само повик од Барселона, Реал или ПСЖ може да ја промени ситуацијата. Сметав дека тоа беше само сон, некакво лудило. Не мислев дека е сериозно. Веќе планирав што ќе правам по фудбалот. И тогаш следуваше повик од ПСЖ. Ми беа потребни две седмици за размислување, бидејќи не ми се допаѓа празен разговор. Кога давам збор, сакам да останам на тоа. ПСЖ ќе биде мојот последен клуб. Ова е еден вид дар од судбината – изјави Буфон.

Легендарниот 40-годишен голман во текот на својата кариера пред ПСЖ и Јувентус, бранеше само уште во Парма. За италијанската репрезентација има 175 настапи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...