Легендарниот Џанлуиџи Буфон, после само една сезона помината во ПСЖ, преку социјалната мрежа Фејсбук, најави дека заминува од францускиот главен град.
„Денеска е крајот на мојата авантура во странство. ПСЖ ми понуди продолжување на договорот, но чувствувам дека е исправно да го одбијам, така што би сакал да тргнам во нови лични и професионални предизвици“, напиша Буфон.
Италијанскиот голман им се заблагодари на управата на клубот, соиграчите и на навивачите, посакувајќи им успех со уверување дека ќе ги испишат следните страници на една прекрасна приказна.
Иако Џиџи не беше дециден каде ќе ја продолжи кариерата, преку цитат на познатиот писател Ернест Хемингвеј, даде до знаење дека се враќа на домашното италијанско првенство.
„Ернест Хемингвеј напишал дека постојат две места каде што можеме да биде среќни. Дома и во Париз“, истакнува сега веќе поранешниот голман на ПСЖ.