Голманот на Јувентус, Џанлуиџи Буфон се најде во составот на италијанскиот првак на денешниот дуел со Верона во 4.коло од Серија А. За Буфон, оваа е 902. натпревар за Јуве, со што тој го изедначи рекордот по бројот на натпревари за еден клуб на поранешниот дефанзивец на Милан, Паоло Малдини.
Кога зборуваме за рекорден број настапи во Серија А, Малдини е прв со 647. Буфон сега има 642 натпревара.