Јанис Бутарис градоначалникот на Солун, бил пренесен во болница откако бил нападнат од националистички екстремисти, јавија грчките медиуми.
Бутарис, според информациите, има повреди во пределот на главата, рацете и нозете.
Нападот се случил за време на церемонијата за одбележување на годишнината од геноцидот на Пондите – грчко население од Мала Азија кое било протерано во почетокот од страна на Младотурците по што биле приморани да се отселат на север на територија на поранешниот СССР и во Грција.
„Тој првично бил исвиркан и навредуван заради некои негови ставови за Турција(!?), но и кон Пондите, и му било препорачувано да го напушти настанот“, јавуваат грчки медиуми.
Во почеток Бутарис не реагирал додека некои од насобраната маса не почнале директно да му се закануваат, а некои не се двоумеа и да го нападнат…