Делови од Хрватска попладнево беа зафатени со пoроен дожд, грмежи, силен ветер и град.
Европскиот центар за предвидување бури издаде предупредување од највисок, трет, степен за копнениот дел на Хрватска, а за Далмација е издадено предупредување од втор степен, објави Индекс.хр.
Невреме има во Риека, Истра, Кварнер, Горски Котар, Загреб, Славонија и на други места.
„Радио Ријека“ јави дека за само десет минути, меѓу 12 и 20 и 12 и 30 часот, температурата во Риека паднала за осум степени Целзиусови. Градот бил зафатен со пороен дожд и ветер со јачина од 75 километри на час.