Бундестаг: 476 пратеници гласаа Македонија да почне преговори со ЕУ

778

Со 476 гласа „за“ и 122 „против“, како и 16 воздржани пратеници , Бундестагот го одобри поетокот на преговорите на Македонија со ЕУ.

Пратениците во исто време гласаа и за почеток на преговорите на Албанија.

На седницата во Бундестагот присуствуваше и вицепремиерот за европски прашања , Бујар Османи, кој беше поздравен од пратениците.

Десетината говорници се согласија дека Северна Македонија и Албанија направиле напредок и дека на регионот Западен Балкан треба да му се овозможи приближување кон ЕУ.

Според пратеникот од владејачката ЦДУ /ЦСУ , Петер Бејер, млaдите луѓе од Северна Македонија и Албанија треба да живеат во средина каде ќе бидат применувани европските стандарди и ќе имаат позитивна перцепција за ЕУ.

Поддршка доби и поединечната резолуција за почеток на преговори со Албанија. Како што пренесе Дојче веле на македонски јазик, во дебатата која траеше нешто повеќе од половина час, пратениците на владејачките ЦДУ/ЦСУ и социјалдемократите изразија поддршка за реформските напори на Скопје и во повеќе наврати го наведоа Преспанскиот договор како големо достигнување за целиот регион.

Во делот за Северна Македонија владејачката коалиција бара да се гарантира дека реформскиот курс и заокружувањето на потребните реформи ќе бидат одржани. Се додава дека Северна Македонија мора да преземе дополнителни напори за да ги исполни критериумите за членство во ЕУ, особено во делот на владеењето на правото, ефикасноста на Специјалното јавно обвинителство, борбата против корупцијата и организираниот криминал и засилување на институциите за заштита и подобрување на човековите права.

Акциските планови предложени од Европската комисија мора да добијат јасни рокови, чие исполнување треба да биде услов за отворање на нови поглавја. Бундестагот го задржува правото да го смени својот став доколку утврди дека не се исполнуваат поставените услови за почеток на преговорите.

За Албанија, за која исто така е одобрен почеток на преговори, „за“ гласаа 395 пратеници во Бундестагот,, 188 беа против и 16 воздржани. 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...