Христијан Бузалковски викендов ја возеше 5-та рунда од Европскиот Алпе Адриа шампионт кој се возеше во Хрватска,на добро познатата патека Гробник!
Бузалковски во конкуренција од 31 возач,од целиот свет успеа да се пласира на 10та позиција,што е навистина одличен резултат бидејќи ова е негова прва година во овој шампионат,и секоја патека е непозната за него,но тој и неговиот тим 71 одлично се справуваат со конкуренцијата!
– Стартувавме од 18-та позиција, но уште од самиот старт успеавме да напредуваме, константно напредувавме во позициите, но проблемот во секој круг беше стартот од целната рамнина, бидејќи мојот мотор беше видно послаб од моторите на моите конкуренти, но успевав некако на свиоците, на касно кочење да се држам рамо до рамо со конкуренцијата. Планот беше во последниот круг да нападнам и да ја заземам 8-та позиција, бидејќи знаев дека во последниот сектор сум многу побрз од двајцата конкуренти пред менеи токму кога тргнав во напад, судиите извадија жолти знамиња, а на тие знамиња не смееме да претекнуваме, бидејќи ќе бидеме казнети со неколку позиции, па затоа морав да се задоволам со 10-то место, што е најдобар резултат за мене и за мојот тим ,бидејќи во овој шампионат се натпреваруваат луѓе скоро од целиот свет: Италија,Финска,Чешка,Словачка,Франција,Германија,Австрија,Јужна Африка и многу други – рече Бузалковски.