Бузаку поднесе кривична против реисот: Сулејман Реџепи е рекетар, испра 700.000 евра од аџиите

Според Бузаку, наместо парите од аџиите директно да ги уплати во Министерството за аџилак на Саудиска Арабија, Реџепи тоа го сторил преку посредник, односно агенција и со тоа наместо на аџиите да им наплати по 510 евра, им зел по 840 евра.

740

Новиот поглавар на Исламската верска заедница (ИВЗ) Скендер Бузаку денеска во Основното јавно обвинителство достави кривична пријава против сѐ уште актуелниот поглавар Сулејман Реџепи, за како што вели, перење пари од аџиите. Бузаку за ова приложил докази до Обвинителството.

Според Бузаку, наместо парите од аџиите директно да ги уплати во Министерството за аџилак на Саудиска Арабија, Реџепи тоа го сторил преку посредник, односно агенција и со тоа наместо на аџиите да им наплати по 510 евра, им зел по 840 евра. Бузаку обвини дека разликата од парите од аџиите завршила во џебот на реисот Сулејман Реџепи.

– Доказите кои ги доставив покажуваат дека пријавеното лице присвоил над 700.000 евра, пари  уплатени за аџилак. До ОЈО доставив и други докази кои ја поткрепуваат кривичната пријава. По факура број 1.459 исплатени се средства од 600.702 евра за такса за престој во Саудиска Арабија за 840 аџии, односно ИВЗ платила такса по 800 евра за лице преку посредник приватна компанија. Според правилата и утврдената такса за престој од страна на Министерството за аџилак на Саудиска Арабија, таксата за престој е утврдена на 510 евра по човек, која ИВЗ требала да ја плати директно на сметката на Министерството. Со тоа што  Реџепи исплатата ја извршил преку приватна компанија, докажува дека целта била дел од парите да присвои – изјави Бузаку.

Тој рече дека доставил и други докази до ОЈО.

– Наводите дадени од Реџепи со лични навреди до мене дека мојата изјава е рекет  врз ИВЗ и врз него. Од доказите јасно може да се заклучи дека единствен рекетар е Реџепи – рече Бузаку.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...